Атлетико Мадрид ја покори Германија

Атлетико Мадрид го совлада Баер Леверкузен среде Германија со 2-4 и направи огромен чекор напред кон пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Воините“ на Диего Симеоне покажаа врвно мајсторство и постигнаа четири гола на гости, со кои се многу блиску до остварување на целта за пласман понатаму.

Саул и Гризман во првото полувреме најавија дека Атлетико Мадрид не се шегува, Белараби даде надеж за Баер Леверкузен, но Гамеиро од пенал повторно зголеми на 1-3. Ниту автоголот на Савиќ не ги поремети „јорганџиите“, затоа што Фернандо Торес постигна четврти погодок за голем триумф од 2-4.

На Баер Леверкузен му е потребно чудо во реваншот за да го елиминира шпанскиот претставник.

Bayer Leverkusen vs Atletico Madrid 2-4 All… by riqezi

Се вчитува...