Aтлетико Мадрид ја „прегази“ Севилја (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид веројатно го одигра најдобриот натпревар оваа 2023 година откако на невројатен начин на домашен терен ја декласираше Севилја со 6-1 во меч од 24. коло во шпанската Ла лига.

Мемфис Депај со головите во 23. и 26. минута донесе брзо водство за домашниот тим од 2-0. До крајот на првиот дел гостите успеаја да намалат на 2-1 со погодокот на Ен Незири во 39. минута. Антоан Гризман во 53. минута повторно донесе водство од два гола за „душекчиите“ (3-1). Во 69. минута веќе беше и 4-1 со голот на Јаник Караско. Петарда пукна во 76. минута кога Мората постигна гол за 5-1, додека конечните 6-1 ги постави истиот фудбалер во 92. минута.

За издвојување од мечот е и промашениот пенал на Иван Ракитиќ во 74. минута, како и црвениот картон на Папа Геј во 82. минута.

Atlético Madrid [4] – 1 Sevilla – Yannick Ferreira Carrasco 70’ from soccer

 

 

Се вчитува...