Атлетико Мадрид не запира во походот по титулата

Атлетико Мадрид прокнижи нови бодови и се зацврсти на првото место на табелата со победата на жешкиот терен во Сан Себастијан против Реал Сосиедад (0-2).

Тимот на Реал Сосиедад долго време играше извонредно, но во последниот период падна во криза, а искусниот состав на Атлетико знаеше како да го искористи тоа. Жоао Феликс поради повреда го пропушти овој меч, но гостите од Мадрид стигнаа до цел плен и без суперталентираниот голгетер во своите редови. Победникот беше решен во второто полувреме, најпрвин Хермосо го отвори резултатот со прецизен удар со глава, пред Љоренте да ги постави конечните 0-2.

Леванте врза три меча без пораз откако тимот на нашиот Енис Барди ремизираше на гостувањето против Рекреативо Хуелва (1-1). Македонскиот репрезентативец се уште не е подготвен за камбек, но и во негово отсуство Леванте успеа да спаси бод благодарение на погодокот што го постигна Мелеро во 53. минута.

Се вчитува...