Атлетико Мадрид се пласира во полуфиналето на Купот на Шпанија

Атлетико Мадрид успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Шпанија, откако ремизираше (2-2) на гости во реванш мечот од четвртфиналната рунда, а пресудна беше предноста од три гола (3-0) од првиот меч на „Висенте Калдерон“.

Хозе Хименез го доведе Атлетико Мадрид во водство во 49.минута. Сепак, Еибар возврати преку Енрих и Педро Леон, а Хуанфран во 85.минута го постави конечниот резултат на оваа средба. Тимот на Диего Симеоне сосема заслужено се пласира меѓу четирите најдобри екипи од Кралскиот куп на Шпанија.

All Goals & highlights – Eibar 2-2 Atletico… by mohtv

Се вчитува...