Атлетико Мадрид се врати во игра за потписот на Кавани

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани се уште ја „мери“ најдобрата понуда за продолжување на кариерата откако ова лето го заокружи договорот со францускиот првак Пари Сен Жермен. Тој беше блиску до трансфер во Бенфика, но, сепак, не се договори за личните услови, а исто така водеше преговори и со италијанскиот првак Јувентус.

Сега шпанскиот клуб Атлетико Мадрид повторно е во игра за потписот на Единсон Кавани. Тимот на Диего Симеоне сака искусен напаѓач и се надева дека ќе успее да го продаде Диего Коста во финишот од летниот преоден рок. Атлетико Мадрид беше и првата опција за Уругваецот, Симеоне уште минатата зима му понуди да пристигне на „Ванда Метрополитано“.

Се вчитува...