Атлетико Мадрид тргнува по Лаказет

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид влезе во преговори за ангажман на францускиот интернационалец Александре Лаказет од Арсенал. Откако стана јасно дека доаѓањето на Единсон Кавани од ПСЖ како слободен агент се уште не е завршена работа, тренерот Диего Симеоне побара од раководството да тргне во акција за ангажман на нов напаѓач. Негова голема желба е да го доведе Лаказет.

Атлетико Мадрид е подготвен да плати 30 милиони евра за да го доведе напаѓачот на Арсенал по завршувањето на сезоната. „Топчиите“ ќе се обидат да се вклучат во трката за Бразилецот Фелипе Кутињо кој ќе ја заокружи двегодишната позајмица во Баерн Минхен и се враќа во Барселона, но каталонскиот клуб веднаш ќе го продаде.

Се вчитува...