Атлетико Мадрид врза три победи во низа

Атлетико Мадрид ја надмина резултатската криза што го мачеше до пред извесно време, па „јорганџиите“ славеа со убедливи 3-0 над Валенсија и се зацврстија на третото место на табелата. Тимот на Диего Симеоне го одигра еден од најдобрите натпревари сезонава, искреира бројни шанси од кои искористи три, како добра најава за завршницата на сезонава.

Голманот на Валенсија имаше неколку убави интервенции во почетните 20 минути, но затоа немаше лек за ударот на Гризман во 23. минута, кога Французинот го доведе Атлетико во водство од 1-0.

Сите надежи на гостите за камбек исчезнаа на самиот старт од второто полувреме кога Караско погоди за 2-0, а конечните 3-0 ги постави Лемар со гол со глава, прв погодок на францускиот интернационалец по пауза од една година.

Атлетико Мадрид сега има 51 бод, шест повеќе (и меч повеќе) од Реал Сосиедад на четвртата позиција.

Се вчитува...