Атлетико Мадрид замина на „принуден распуст“

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид одлучи да ги прекине тренинзите како мерка за безбедност на фудбалерите поради ширењето на коронавирусот. Тренерот Диего Симеоне ги распушти фудбалерите и им даде „домашна задача“ да се подготвуваат секој во својот дом во наредните две недели.

Ла Лига е суспендирана до крајот на март, а потоа ќе следи и понатамошна одлука. Атлетико Мадрид го елиминираше актуелниот европски шампион Ливерпул и се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Претходно и Барселона одлучи да го заштити здравјето на фудбалерите со прекин на тренажниот процес, а играчите на Реал Мадрид се во домашна изолација откако членот на кошаркарската секција Трој Томпкинс се покажа позитивен на Covid-19.

Се вчитува...