Атлетико не можеше пак да се спаси, Алавес го зеде скалпот на шампионот

Атлетико Мадрид го претрпе првиот овосезонски пораз откако избраниците на Диего Симеоне загубија со 1-0 на гостувањето против Алавес.

Откако на последните неколку средби се спасуваа со голови во последната минута (за реми со Вилјареал и за победи над Селта и над Хетафе), овојпат „јорганџиите“ немаа сили за камбек, па и покрај доминацијата на противничката половина не стинаа ниту до бод.

Атлетико Мадрид сега има меч повеќе и два бода помалку во однос на лидерот Реал Мадрид, додека за Алавес ова беше прв триумф по петте порази во низа на стартот од сезоната во Ла Лига.

Се вчитува...