Атлетико победува и кога не игра најдобро

Атлетико Мадрид ја задржа предноста од три бода во однос на Севилја во трката по третото место на табелата, откако „јорганџиите вечерва славеа со 0-1 на гостувањето против Еспањол. Тимот на Диего Симеоне одигра под своите можности, но уште еднаш покажа дека има победнички карактер, па знае како да стигне до триумф и во ситуација кога не игра најдобро.

Антоан Гризман повторно ја имаше улогата на херој, постигнувајќи го единствениот погодок на дваесетина минути до крајот откако една одбиена топка стигна до Франузинот, а тој од прва биеше до првиот дирек крај голманот Диего Лопез.

Веќе во следната минута Еспањол имаше идеална шанса да го израмни резултатот, но Облак извонредно го запре обидот на Баптистао, задржувајќи ја преднота на својот тим.

Griezmann Goal HD 0-1 Espanyol VS Atl … by footballtvvideos

Се вчитува...