Атлетико првпат сезонава комплетен – со сите сили против Ливерпул

Атлетико Мадрид цела сезона мака мачи со повреди на дел од првотимците, но Диего Симеоне конечно ќе ги има сите фудбалери на располагање. И тоа за клучниот натпревар од Лигата на шампионите, реваншот против Ливерпул на „Енфилд Роуд“ откако беше објавено дека шпанскиот клуб во комплетен состав отпатува за „островот“.

Во однос на првиот натпревар во тимот се враќаат десниот бек Трипие и напаѓачот Жоао Феликс, кои сигурно ќе бидат стартери на „Енфилд“, во обид Атлетико да ја одбрани предноста од 1-0 од првиот меч во Мадрид.

На списокот на патници за Ливерпул се најдоа: Облак, Адан, Алекс, Хименез, Аријас, Лоди, Савиќ, Фелипе, Хермосо, Трипие, Врсаљко, Томас, Коке, Саул, Лемар, Љоренте, Ерера, Витоло, Караско, Феликс, Мората, Кореа, Диего Коста и Шапоњиќ.

Се вчитува...