Атлетико се „лизна“ и против Алмерија (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид оваа сезона никако да заигра како што се очекува, па тимот на Диего Симеоне не успеа да ја победи ниту Алмерија. На гостувањето одиграа само 1-1, а останаа во финишот и со играч помалку по исклучувањето на Регилон.

А, се добро тргна за Атлетико кога во 18. минута Кореа донесе водство. Меѓутоа Туре во 37. минута успеа да донесе израмнување и бод за Алмерија.

И покрај тоа што важеше за фаворит, сепак, Атлетико потфрли уште еднаш на овој меч. Алмерија во вториот дел, во 60. минута имаше шанса да направи пресврт и да ги однесе сите бодови, но топката мина само крај голот.

Се вчитува...