Атлетико се лизна против омилениот пациент

Атлетико Мадрид повторно покажа бројни слабости во својата игра, ремизирајќи 1-1 на домашен терен против Хетафе и губејќи значајни бодови во трката за висок пласман во Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне за ривал го имаше „омилениот пациент“ ако се знае дека на последните 11 меча со Хетафе имаше 10 побед и едно реми, но се беше попусто кога Атлетико се мачеше да искреира шанса, а кога конечно стигна до водство истото брзо го продаде примајќи гол за израмнување.

„Јорганџиите“ беа далеку од посакуваното ниво во првото полувреме во кое едвај и да создадоа шанса, освен голот на Мората што беше оправдано поништен поради офсајд.

Кореа конечно погоди и донесе голема радост на „Ванда Метрополитано“, а интересно беше што голот беше поништен, Кореа го напушти теренот, па откако со ВАР потоа беше променета првичната одлука, стрелецот својот погодок го прослави на клупата за резерви.

И тоа се покажа недоволно бидејќи Атлетико на десетина минути до крајот направи пенал, што Хетафе го искористи за да стигне до израмнување преку Унал.

Се вчитува...