Атман потврди: Доаѓам во Вардар, само здравјето да ме служи…

Павел Атман и дефинитивно ја продолжува кариерата во дресот на Вардар, откако рускиот бек во изјава за медиумите во татковината потврди дека актуелниот европски првак ќе биде негов нов клуб во кариерата. „Бомбардерот“ вчера го раскина договорот со Хановер, по што како слободен играч ќе им се приклучи на „вардарци“.

Мило ми е што по тешкиот период во кариерата добивам шанса да заиграм за Вардар. Размислувам само позитивно, разговарав со тренерот и со управата. Најважно од се е здравјето да ме служи, да немам проблеми со повредите и да ги оставам зад себе сите случувања од изминатиот период. Ако тоа се случи, ќе се вратам во старата форма“ – изјави Атман.

Потврда за трансферот стигна и од директорот на Вардар, актуелниот руски селектор Едуард Кокшаров.

Павел е играч од највисока класа, кој за жал имаше многу проблеми со повредите во Германија. Очекуваме во Вардар да се врати во посакуваната форма и да потсети на своите најдобри денови. Среќни сме што успеавме да го доведеме Атман, тој ќе ни биде од голема помош, и на Вардар и на руската репрезентација“ – истакна Кокшаров.

Се вчитува...