Атомски фудбал на „Вембли“, Челси го збриша Тотенхем за финале во ФА купот

Челси го совлада Тотенхем со 4-2 на „Вембли“ и се пласира во финалето на ФА купот на Англија, каде ќе го чека подобриот од утрешниот дуел меѓу Арсенал и Манчестер сити. Антонио Конте го почна мечот без Диего Коста и без Еден Азар, но и без нив беше конкурентен, а потоа ги уфрли во игра за да го реши ривалот.

Вилијан уште во петтата минута од слободен удар постигна одличен гол за водство на Челси. Но, возврати Хари Кејн во 18.минута. Пред самиот крај на првото полувреме, Вилијан од пенал повторно му донесе водство на Челси.

Деле Али повторно израмни во 52.минута, а Челси го зададе конечниот удар во финишот. Еден Азар во 75.минута и по третпат му донесе водство на тимот од „Стемфорд бриџ“, а шлаг на триумфот стаив Немања Матиќ со фантастичен погодок во 80.минута од овој дуел.

All Goals HD – Chelsea 4-2 Tottenham – FA Cup… by LiveFootball28

Се вчитува...