Атомски ракомет: Данска ја демолираше Јапонија во меч со 77 постигнати погодоци

Ракометната репрезентација на Данска моќно ја стартуваше одбраната на олимпиското злато од пред пет години, декласирајќи ја домашната селекција на Јапонија со 47-30. Двата тима одиграа атомски брзо во нападот, а во таквите случувања далеку подобро се снајдоа данските ракометари, кои уште во првото полувреме си ја осигураа победата. По 30 минути игра резултатот гласеше 25-14 за данскиот состав, кој до крајот ја зголеми предноста до конечни „плус седумнаесет“.

Селекторот Јакобсен очекувано им даде шанса на сите ракометари, а најефикасни во победничкиот состав беа Холм со девет и Саугструп со осум погодоци. Мотоки со осум гола беше прв стрелец во јапонскиот состав.

Египет со беспрекорна игра во нападот славеше на отворањето против Португалија со резултат 37-31. Во првиот дел резултатот беше израмнет (15-15), за во вторите 30 минути „фараоните“ да постигнат дури 22 гола и да стигнат до голема победа. Хешам беше прв стрелец на африканскиот првак со седум постигнати гола, додека најефикасен кај Португалците беше

Се вчитува...