АТП: Ѓоковиќ останува прв рекет во светот, Медведев се уште му диши во врат (ФОТО)

На АТП листата објавена денес, Новак Ѓоковиќ и натаму е прв рекет во светот. Данил Медведев не успеа да дојде до резултатот што му беше потребен на Мастерсот во Мајами за да се врати на првото место. Дополнително, Русинот се повреди, па нема да биде на терените повеќе од месец дена.

Србинот ја зазема лидерската позиција со 8.420 бодови, само десет повеќе од второпласираниот Медведев. Ѓоковиќ на првото место ја започна 364-та недела.

На третото место, една позиција подобропласиран од пред една недела е Александар Зверев, кој од ова место го помести сега веќе четвртопласираниот Рафаел Надал, додека петтото место го зазема Стефанос Циципас.

Роџер Федерер загуби 18 позиции. Швајцарецот сега е 44-ти рекет на планетата.

 

 

Се вчитува...