АТП и ВТА го возвраќаат ударот – Нема бодови на Вимблдон?

Одлуката на Вимблдон да не дозволи настап на руски и белоруски тенисери и тенисерки одекна на светот на спортот, а набргу може да следува и адекватен одговор од АТП и ВТА, пренесуваат англиските медиуми.

Имено, раководството на АТП и ВТА ќе се сретне во Мадрид каде ќе биде одлучено дали ќе дојде до потенцијално одземање на бодови на Вимблдон за АТП и ВТА листата, со што еден од најголемите турнири во тенисот ќе стане само егзибициски турнир со голем награден фонд.

Алтернатива е секако се се најде решение за учество на Русите и Белорусите, или пак нив да им бидат доделени бодови според некои од преходните резултати. Состанокот се очекува да се одржи пред крајот на месец април кога Мадрид ќе биде домаќин на најдобрите тенисери во светот.

Како потсетување, Вимблдон започнува на 27. јуни.

Се вчитува...