АТП контра Вимлбдон – „Дискриминацијата не е дел од тенисот“

Здружението на тениски професионалци (АТП) изрази несогласување со одлуката на организаторите на Вимблдон, со кој на руските и белоруските тенисери им е забрането да се натпреваруваат поради руската инвазија на Украина.

„Нашиот спорт е горд што работи на принципите на заслуги и чесност каде играчите се натпреваруваат како поединци и го заработуваат своето место на турнирите преку рангирање. Сметаме дека денешната одлука на Вимблдон и Британската тениска федерација да ги исклучат руските и белоруските играчи од овогодинешните британски турнири на трева е неправедна бидејќи ова е неверојатен преседан. Дискриминацијата на национална основа го прекршува и нашиот договор со Вимблдон, според кој влезот на еден играч на турнир се базира исклучиво на неговиот пласман. Нашите понатамошни дејствија во врска со оваа одлука ќе бидат во договор со нашите извршни органи. Важно е да се напомене дека на руските и белоруските играчи сепак ќе им биде дозволено да учествуваат на АТП турнирите без национални карактеристики. Во исто време, ќе продолжиме да даваме хуманитарна поддршка за Украина“, соопшти АТП.

Годинашното издание на Вимблдон почнува на 27. јуни.

 

Се вчитува...