АТП: Медведев втора недела на врвот, нови промени во Топ 10 (ФОТО)

Русинот Данил Мдведев втора недела е прв на АТП листата, тој има 150 бода предност во однос на Новак Ѓоковиќ како и минатиот понеделник.

По српскиот ас следува Александар Зверев со 7.515 бода, четврти е Рафаел Надал, додека меѓу најдобрите пет се најде уште Стефанос Циципас со 6.325.

Во ТОП 10 има две промени – Матео Беретини сега е шести, а Рублев седми, додека Јаник Синер го исфрли Хуберт Хуркач од десеттото место. Легендарниот Роџер Федерер е на 27. позиција, веднаш над Гаел Монфилс од Франција.

 

 

Се вчитува...