АТП објави рекордно зголемување на наградниот фонд на турнирите

Раководството на АТП објави рекордно зголемување на паричната награда за 37,5 милиони долари, на вкупно 217,9 милиони долари за 2023 година. Зголемувањето ќе биде најдрастично на турнирите од серијата „Челинџер“, каде растот на наградниот фонд е зголемен за 75 отсто, од 12,1 на 21,1 милиони долари.

Челниците на машкиот тенис во јуни ги уверија сите дека играчите и турнирите ќе ја поделат добивката во сооднос 50:50, како што пишува во планот, кој првенствено има за цел да ги зголеми приходите од медиумските и телевизиските права.

АТП ја потврди и веста дека турнирите од Мастерс 1000 во Мадрид, Рим и Шангај ќе траат 12 дена од 2023 година и ќе имаат проширена ждрепка.

„Нашите играчи се спортисти од светска класа и наш приоритет е да гарантираме дека ќе бидат соодветно платени“, рече претседателот на АТП Андреа Гауденци.

Сезоната 2023 започнува на 29 декември со првото издание на „Јунајтед куп“, нов турнир на мешани селекции, чиј награден фонд е дури 15 милиони долари. На премиерниот „Јунајтед куп“ ќе учествуваат 18 репрезентации кои ќе одиграат натпревари во три австралиски града.

Се вчитува...