АТП ранкинг: Алкараз го презема врвот од Ѓоковиќ, нов напредок на Ивановски

Со освојувањето на титулата во Индијан Велс младиот шпански тенисер Карлос Алкараз ја превзема првата позиција на АТП ранкингот од Новак Ѓоковиќ. На српскиот тенисер не му беше дозволено учество на турнирот во САД, а нема да се најде ниту на Мајами Опен поради забрана за влез во државата на невакцинирани лица.

Новак Ѓоковиќ неодмна постави нов рекорд по бројот на седмици поминати на врвот на АТП листата престигнувајќи ја Штефи Граф, но за да се најде повторно на врвот ќе мора да слави на некој од престојните турнири.

Скок од две места забележа и македонскиот тенисер Калин Ивановски кој сега го зазема 475. место кое за него е највисоко во кариерата. Ивановски имаше одличен настап на ИТФ-турнирот што се одржува во Поатје, Франција каде стигна до полуфиналето.

Се вчитува...