Првиот човек на АТП Андреа Гауденци, потврди дека завршниот турнир во сезоната ќе се игра во Торино до 2025 година.
По една деценија натпреварување во Лондон, финалето на најдобрите осум тенисери во сезоната беше преместено во Торино и таму ќе се игра во следните три години.
„Имаме уште три изданија во Торино, ќе почнеме да разговараме што ќе правиме следно во првата половина на следната година. Сè уште е рано, не сме разговарале за тоа. Почетокот на следната година е добро време за зборување за иднината. Инаку, впечатоците за Торино се сто проценти позитивни. Некои поради убавината на Италија и градот, некои поради способноста на Италијанците да бидат гостопримливи“, изјави Гауденци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА