Атракција: Не е „лажен“, туку вистински македонски цепелин (видео)

Цепелините станаа заштитен знак на ракометната репрезентација на Македонија, не само поради оној „лажниот“ со кој Стоилов сакаше да ги измами Германците на последното ЕП, туку и поради атракциите што нашите ракометари редоввно ги прават и против најголемите светски репрезентации.

Муштерии вечерва станаа и Романците, откако во самиот финиш од мечот во СЦ „Борис Трајковски“ можеше да се проследи атракција, Лазаров одлично отвори до Манасков, а левото крило несебично фрли цепелин на спротивната страна до Георгиевски, кој ја затресе мрежата на противникот, за еуфорија на трибините.

Се вчитува...