Ацковски: Работнички заслужува да излезе во Европа

Работнички оствари значаен триумф против Беласица (0-1) во Струмица кој ги оживеа шансите за излез во Европа. Иако ќе треба за нив да одигра и Академија Пандев во финалето на Купот, „романтичарите“ се надеваат дека со победа против Шкупи на домашен терен повторно ќе го трасираат европскиот пат.

Младиот Кристијан Ацковски доби шанса од тренерот Баже Лазаревски и ја искористи на најдобар можен начин. Одигра одлично и во Струмица и беше стрелец на победничкиот погодок.

„Најважно е што Работнички повторно е на позицијата која може да донесе излез во Европа. Одигравме квалитетен меч во Струмица, заслужено ја совладавме Беласица и среќен сум што бев стрелец на победничкиот гол. На Работнички местото му е во Европа и се надевам дека ќе успееме да ја исполниме целта. Во последното коло не очекува уште еден извонредно значаен дуел со Шкупи“, изјави Кристијан Ацковски за официјалниот сајт на клубот.

Работнички в недела во 16.30 часот ќе го пречека Шкупи во дуелот од последното коло во Првата лига.

Се вчитува...