Ацо Тодоров се сели во Лукоил Левски

Александар Тодоров својата кариера по заминувањето од МЗТ Скопје повторно ја продолжува во Бугарија, овојпат во стручниот штаб на шампионот Лукоил Левски (по неодамнешната фузија на двата клуба). Македонскиот стратег последните неколку дена ги мина во бугарскиот главен град, каде постигна договор за соработка. Тој нема да биде прв тренер, туку ќе му помага во работата на својот добар пријател Тити Папазов, во атакот на двојната круна.

„Доаѓам затоа што на мојот пријател Тити Папазов му е потребна помош. Називот на функцијата е најмалку важен, тука сум за да работам со екипата, да помогнам и се надевам дека на крајот сите заедно ќе се радуваме на освоени трофеи“ – изјави Тодоров за ЕКИПА.

Александар Тодоров ја стартуваше сезонава како тренер на МЗТ Скопје, но по слабиот старт самиот се повлече од оваа функција, препуштајќи му го своето место на Жељко Лукајиќ. Тој и при претходното заминување од МЗТ Скопје, по првата титула пред повеќе од шест години, исто така се пресели во бугарскиот шампионат, тогаш како шеф на стручниот штаб на Балкан од Ботевград.

Се вчитува...