Ауар позитивен на Ковид-19, го пропушта вечерашниот меч со Дижон

Еден од најдобрите фудбалери на Олимпик Лион Хусем Ауар е позтивен на коронавирус, пренесуваат француските медиуми. Сите фудбалери на Лион во вторникот беа негативни по спроведените тестови, но поради симптоми Ауар повторно бил тестиран вчера и неговиот тест се покажал позитивен. Сепак и покрај позитивниот случај во тимот вечерашниот натпревар против Дижон ќе се одигра.

За потсетување, Ауар беше еден од најдобрите фудбалери на Лион на завршницата од Лигата на шампионите на кои францускиот тим стигна до полуфиналето елиминирајќи ги Јувентус и Манчестер Сити.

 

Се вчитува...