„Авицена женската трка“ со трикилометарски предизвик, отворено пријавувањето

Сојузот на спортови на Скопје како дел од промотивните трки за Виз Ер Скопскиот маратон и оваа година, по седми пат ќе ја организира Авицена женската трка. Пријавувањето почнува денеска и организаторите се надеваат дека ќе биде надмината ланската бројка од 1700 учеснички. Разлика во однос на минатата година е тоа што патеката ќе биде три наместо досегашните два километри.

Авицена Женска трка е одлична можност за сите заинтересирани жени да ги започнат подготовките за Виз Ер Скопски маратон. Трката се одржува седма година по ред, но втора година како улична трка. Новина во оваа трка е тоа што патеката оваа година ќе биде долга 3 километри, за разлика од минатите години кога беше 2 километри. Затоа пријавувањето го отвораме денеска, при што отвораме можност за што повеќе пријавени учесници“ – порача Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје.

Заинтересираните може да се пријават на www.zenskatrka.mk или преку партнерот за онлајн регистрација https://www.smartrace.club/. Трката е во организација на Сојуз на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и Агенција за млади и спорт на Република Македонија, како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2019.

 

 

Се вчитува...