Аврамовски поради семејни проблеми не игра на европските натпревари за Сараево

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски не отпатува со тимот на Сараево за Грузија каде утре ги очекува првиот натпревар од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против Торпедо Кутаиси.

Дел од медиумите во БиХ шпекулираа дека Аврамовски е суспендиран поради проблеми во соблекувалната, но, од Сараево сето тоа го демантираа истакнувајќи дека македонскиот фудбалер е ослободен за мечот во Грузија.

Како што информирал шефот на стручниот штаб Мирза Варешановиќ за медиумите од БиХ, „Аврамовски има слободни денови поради семејни проблеми, па морал итно да се врати во Скопје“.

Засега не е познато дали Аврамовски ќе биде на располагање за реванш-дуелот на сараевци.

Се вчитува...