Аврамовски претставен во Кајсери, рамо до рамо со екс-играч на Тотенхем

Даниел Аврамовски од денеска и официјално е нов член на Касериспор, откако екс-фудалерот на Вардар потпиша тригодишен договор со овој турски прволигаш. Македонскиот интернационалец беше најзаслужен за извонредниот успех на Вардар и освоената ланска титула, но поради огромните финансиски проблеми беше принуден да го напушти таборот на „црвено-црните“.

Од неколкуте понуди на маса тој ја избра онаа на Кајсери, селејќи се во силната турска лига што ќе биде нов предизвик во неговата кариера. Аврамовски денеска беше претставен со останатите летни засилувања на својот клуб, рамо до рамо со поранешниот ас на Тотенхем и Евертон, Англичанецот Арон Ленон.

Покрај Аврамовски и Ленон, турскиот клуб ја официјализираше и соработката со Коловетсиос од Панатинаикос, Јав Аках од Боависта, Атамах од Башакшехир, Депе од Кашимпаша, Канга од Анжер и Челик од Газиантеп.

Се вчитува...