Аврамовски стрелец за Војводина во дебито за новиот клуб!

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски на најдобар можен начин дебитираше во дресот на својот нов клуб, српскиот суперлигаш Војводина.

На гостувањето против Вождовац во 8. коло од шампионатот на Србија, Војводина одигра без победник (1-1) а стрелец на единствениот гол за новосаѓани беше Аврамовски во 69. минута од средбата.

Македонскиот фудбалер со глава одлично реагираше од 7-8 метри по центаршутот на Суботиќ од левата страна…

1-1 Daniel Avramovski Goal Serbia Superliga… by footballvideostv1

По ова реми, Војводина со 16 бода е на четвртата позиција на табелата, колку и Партизан, а три помалку од водечката Црвена Звезда.

Се вчитува...