Австралија го приредува целиот циркус со Ѓоковиќ само поради страв од потенцијална „експлозија“ на антиваксери

Новак Ѓоковиќ пред Сојузниот суд на Австралија утре во утринските часови, по средноевропско време, ќе мора на сослушување пред да биде донесена конечната одлука околу неговата евентуална депортација од Австралија.

Утрешното судење пред Сојузниот суд треба да го води судијата Џон О’Калахан, а на денешното сослушување кај судијата Ентони Кели, адвокатот на српскиот тенисер Николас Вуд истакна дека „ова е еден вид политичка војна на австралиската влада со Ѓоковиќ затоа што одлуката на Министерот за имиграција е спротивна на доказите кои ги приложила граничната полиција“.

„Образложението на последната одлука на Министерот за имиграција е во тотална спротивност од причините кои австралиската влада ги наведе при првото укинување на визата. Тоа укажува дека не постои конзистентност и се оди единствено на политички одлуки, без правна основа, по секоја цена само да се укине визата и на тој начин како да се сака само да се постигнат некои политички цели. Затоа што правдата е на наша страна. Господинот Ѓоковиќ има медицинска причина поради што не се вакцинира и тој ги почитува законите. Впрочем зарем би допатувал тука ако претходно не му беше издадена виза? Со оваа одлука, министерот сака само да им испрати порака на жителите на Австралија кои се противат на вакцинацијата. Австралиската влада единствено стравува дека може да има потенцијалното возбудување во заедницата која се противи на вакцинацијата и затоа е целиот овој циркус. Инаку и тие самите знаат дека немаат никаква правна основа за вакво нешто“ – истакна Вуд на денешното судско сослушување.

Се вчитува...