Австралија му ја укина забраната, Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на Австралија опен, откако државата му ја укина забраната за влез во земјата, која ја доби зимоска откако беше депортиран од Австралија поради тоа што не беше вакциниран против ковид-19.

Укинувањето самата со себе ја повлече и забраната за тригодишно издавање на виза, па така српскиот тенисер ќе може да настапува на првиот грен-слем идната година.

Ѓоковиќ титулата во Мелбурн ја освојуваше девет пати, а за јубилејната 10-та ќе се бори од 16 до 29 јануари идната година.

Се вчитува...