Поради зголемениот број на позитивни случаи во Австралија вкупниот капацитет на гледачи на Австралија Опен ќе биде намален на 50 отсто, пренесуваат австралиските медиуми.
Во последните 24 часа во сојузната држава Викторија забележани се над 37 илјади случаи и 25 смртни случаи што ги натера властите да го ограничат капацитетот за првиот АТП турнир сезонава.
Како потсетување, истиот започнува на 17. јануари во Мелбурн, а останува да видиме дали ќе има дополнителни рестриктивни мерки покрај стандардниот услов за влез на вакцинирани навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА