„Австралија приреди само политички циркус, сите го знаат тоа… Срамно е што му се случуваше на Ѓоковиќ цели десет дена“

По одлуката на Федералниот суд на Австралија да се укине визата за Новак Ѓоковиќ кој поради тоа што не е вакциниран ќе мора да ја напушти земјата без учество на „Австралија опен 2022“, се огласија дел од светските тенисери кои сега застанаа во одбрана на најдобриот светски тенисер.

„Новак никогаш и не би ни отишол во Австралија ако не му беше даден исклучокот за влез во земјата од страна на владата. Тој би го прескокнал Австралија опен и би бил дома со своето семејство, и тогаш никој и не би зборувал за целиот овој хаос. Ова беше класична политичка агенда на дело со оглед на тоа што наскоро во Австралија следат избори. Сите го знаат тоа затоа што не можеше да биде поочигледно. Ова не е вина на Новак. Тој не влезе на сила во земјата и не измислуваше сопствени правила. Некој прво му дозволи да влезе, па потоа се сети дека ќе игра политички игри“ – се огласи канадскиот тенисер Васек Поспишил.

Се огласи и француската тенисерка Аниз Корне…

„Знам премалку за да судам попрецизно за случајот. Но, тоа што го знам е дека Новак секогаш застануваше зад сите тенисер. Но, сега ниту еден од нас не застана зад него. Биди силен Новак… И сега немој да ме оквалификувате дека сум анти-ваксер“ – истакна Корне.

Во меѓувреме се огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој соопшти дека веднаш разговарал со Ѓоковиќ по донесената одлука.

„Десет дена да малтретирате тенисер, и десеттиот ден да дадете одлука за која сте знаеле веднаш е навистина неразбирливо. Веднаш да кажеа дека невакцинирани не може да влезат, тој не би ни дошол. Вака, сите знаат дека направи се што беше потребно, а потоа тргна шиканирање од невидени размери. Нешто како лов на вештици… Видовте и во самиот бесмислен процес, колку тие лажат, колку тужителот лаже. Но, ние со гордост си го чекаме Новак дома. Ние австралиските спортисти во март ќе ги пречекаме неспоредливо подобро. Нема да се изживуваме над нив, нема да покажуваме сила над нив. Ќе покажеме дека сме непосредливо подобри од австралиската влада. Тие мислат дека со ова го понижија Ѓоковиќ. Не, се понижија самите себе, а тој може со крената глава да се врати во својата земја“ – истакна Александар Вучиќ.

Се вчитува...