Австралија со НБА ѕвездите ќе патува на Мундобаскетот во Кина

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Австралија, Андреј Леманис го соопшти списокот од 17 кошаркари на кои ќе смета на Светското првенство во Кина.

На списокот се наоѓаат девет кошаркари од НБА лигата, вклучувајќи ја и ѕвездата на Филаделфија 76, Бен Симонс. По подготвителните натпревари, селекторот Леманис ќе одлучи кои 12 кошаркари ќе заминат на Мундобаскетот, на кој Австралија се наоѓа во групата Х со Канада, Сенегал и Литванија.

Светското првенство во Кина ќе се одржи од 31. август до 15. септември, а титулата ќе ја бранат Соединетите Американски Држави.

 

Се вчитува...