Австрија со автогол и пенал успеа да го урне отпорот на храбриот Јордан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Австрија стигнаа до премиерна победа на Светското првенство откако славеа против дебитантот Јордан со 2-1 во меч од групата Ј на Мундијалот кој се игра во САД, Канада и Мексико.

Првата шанса во натпреварот ја имаа Јорданците преку Ал Факури во 17. минута. Само три минути подоцна Австрија стигна до водство од 1-0 откако неверојатен погодок постигна Романо Шмид.

Јордан само две минути подоцна имаше нова страна, но фортуната не беше на страна на Али Олван кој ја погоди пречката на голот на Александер Шлагер.

Austria [1] – 0 Jordan – Romano Schmid 20‎'‎ great goal
byu/West_Agent4651 insoccer

Репрезентативците на Јордан одлично го отворија вториот дел и конечно ја материјализираа добрата игра и израмнија на 1-1 со голот на Али Олван во 50. минута.

Austria 1 – [1] Jordan – Ali Olwan 50'
byu/eliseihado insoccer

Марко Арнаутовиќ во 68. минута стрелаше за 2-1, но по прегледување на ВАР голот беше поништен поради играње со рака. Избраниците на Ралф Рагник на крајот сепак стигнаа до водство од (2-1) и тоа со автоголот на Ал Араб во 76. минута. Конечните 3-1 ги постави Марко Арнаутовиќ во 102 минута.

Austria [2] – 1 Jordan – Marko Arnautovic 77'
byu/eliseihado insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...