Австрија супериорна – Убедлив пораз од 0-4!… (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година веќе во голема мера ги губи сите шанси за борба за една од првите две позиции на табелата во квалификациите за ЕП 2019, откако во четвртиот натпревар го доживеа и третиот пораз, овој пат убедлив со 0-4 од Австрија.

На националната арена „Филип Втори“, Австријците комплетно доминираа осигурувајќи ја победата со три гола уште во првото полувреме.

Третиот гол за гостите го постигна капитенот Лаимар во 36. минута од средбата…

Австрија до предноста од 0-2 дојде во 26. минута по брзиот контранапад кој го реализираше Хонсак…

Претходно, 0-1 донесе Јакуповиќ со прекрасниот гол во 13. минута…

Ние свои можности во првиот дел имавме преку Чешмеџиев во 8. минута кога од под самата греда спаси гостинскиот голман, Елмас извонредно шутираше во 39. минута, но Гартлер повторно феноменално одбрана и во 44. минута Амановиќ пропушти шанса од пред самиот гол по корнерот од десната страна.

Во второто полувреме, гостите продолжија агресивно и веќе во 54. минута поведоа и со 0-4…

Во продолжението момците на Благоја Милевски заиграа поквалитетно, живна играта со влегувањето на Давор Здравковски, но и покрај шансите на Абаз и Стојановски не успеавме до гол.

Во 85. минута не реализиравме и пенал преку Басар Исени…

ГРУПА 8 – РЕЗУЛТАТИ

Ерменија – Србија 0-1

Македонија – Австрија 0-4

ТАБЕЛА: Србија (5 нат.) 15 бода, Русија (5 нат.) 10, Австрија (5 нат.) 9, Ерменија (7 нат.) 7, МАКЕДОНИЈА (4 нат.) 3, Гибралтар (7 нат.) 3 бода.

Се вчитува...