Азар го спаси Челси од нова бламажа

Челси направи голем чекор наназад во битката за четвртото место откако „сините“ едвај стигнаа до бод на домашен терен против Вулверхемптон (1-1). Тимот на Маурицио Сари се наоѓаше и пред пораз, но таков исход спречи Еден Азар со прекрасен погодок во судиското продолжение.

Недоволната креативност им се одмазди на фудбалерите на Челси, кои се мачеа да креираат стопроцентни шанси. На спротивната страна „волците“ поведоа со својот прв шут кон противничкиот гол, кога звонедно изведоа контранапад во кој Хименез со многу среќа ја смести топката во мрежата на Кепа.

Игуаин пропушти извонредна можност да израмни откако по корнер од левата страна не успеа од еден метар да ја смести топката во мрежата. Во самиот финиш се закани и Вилијан, но гостинскиот голман одлично го запре неговиот удар од дваесет метри. И кога се чинеше дека гостите ќе стигнат до цел плен, Азар блесна и со удар од дваесетина метри во 91. минута спаси бод за Челси.

Се вчитува...