Азар мора да оди на операција на глуждот

Белгискиот интернационалец Еден Азар ќе мора да ја санира повредата на скочниот зглоб со оперативен зафат. Тој замина за Соединетите Американски Држави каде в четврток има закажана операција на глуждот. За него сезоната е завршена, а се повреди на мечот против Леванте кога се здоби со фрактура на тибијата.

Првичните проценки беа дека Азар ќе мине без хируршка интервенција, но, сепак, по дополнителните прегледи е одлучено повредата да биде санирана со оперативен зафат.

Еден Азар дојде од Челси на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 100 милиони евра, а во првата сезона се соочи со неколку повреди во дресот на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...