Азар: Не можев да издржам, среќен сум што не играм фудбал повеќе

Белгискиот крилен фудбалер Еден Азар, на само 32 години се реши да заврши со играњето на фудбал. Тој рече дека неговото тело повеќе не можело да го издржи пеколниот ритам, и среќен е што го оставил фудбалот.

Азар летоска си замина од Реал Мадрид, и покрај понудите од многу клубови, меѓу кои и од Саудиска Арабија, сепак, се одлучи да каже крај.

„Имам само 32 години, но рано почнав да играм фудбал. Го напуштив домот на 14 години, сторив се што сакав. Моето тело не можеше да го издржи пеколниот ритам. Имав на крајот некои повреди, па ја донесов оваа одлука, и среќен сум што ја донесов“, изјави Азар на доделувањето на Златната топка во Париз, и призна дека таму заминал на барање на неговите деца.

„Им реков на моите деца дека ќе отидеме заедно, ќе преспиеме и ќе се забавуваме“, изјави тој.

Се вчитува...