Азар: Тотенхем гради стадион, ние освојуваме трофеи

Фудбалерот на Челси, Еден Азар, го „пецна“ градскиот ривал Тотенхем поради недостатокот на трофеи изминатите десет години. Тотенхем последниот трофеј го освои 2008 година, кога триумфираше во Лига купот, а во меѓувреме „спарс“ изградија нов стадион кој свечено беше отворен во вторникот на мечот против Кристал Палас.

Целата ситуација ја искористи Азар, кој не ја пропушти можноста за провокација кон градскиот ривал.

„За Премиер лигата е добро тоа што Тотенхем има нов стадион, има и одлични фудбалери, но ние во Челси освојуваме трофеи, за разлика од нив. Се надевам дека така ќе остане“, вели Азар.

Челси и Тотенхем до крајот на сезоната ги очекува борба за пласман во Лигата на шампионите. Тотенхем е на третата позиција со 64 бода, а Челси е петти, но само со еден бод помалку од големиот ривал.

Се вчитува...