Азар: Знам дека мојата прва сезона во Реал не беше добра

Белгискиот фудбалер Еден Азар е свесен дека не се покажа во најдобро светло во првата сезона во Реал Мадрид. Белгиецот во текот на летниот преоден рок од Челси за сума од 100 милиони евра, но не ги исполни очекувањата на навивачите.

„Мојата прва сезона во Реал не беше добра, но не беше и се толку лошо. Ми требаше време да се навикнам. Знам дека навивачите ќе ми судат, околу тоа како ќе се покажам следната. Морам да бидам во одлична форма“, изјави Азар. 

Во 15 натпревари сезонава, Азар, постигна еден гол и забележа пет асистенции, а поголемиот дел од сезоната беше надвор од терените поради повреди.

Се вчитува...