Бабиќ емотивен: Фала му на Бога и на сите што се молеа за нас

Жељко Бабиќ беше жестоко критикуван во изминатите месеци, си поднесе оставка, па се врати, за вечерва да ја одведе Хрватска до полуфиналето од Светското Првенство. Победата над Шпанија ги крена на нозе сите приврзаници на „коцкестите“, а Бабиќ как и многу пати досега даде „религиозна“ изјава по позитивен резултат.

Имавме огромен хендикеп, цело време имаме повредени играчи. Сепак, денеска победи хрватското срце, љубовта кон татковината. Фала му на Бога и огромна благодарност до сите оние кои се молеа за нас во пресрет на оваа средба“ – изјави Бабиќ.

Потоа, хрватскиот селектор имаше и неочекувана посвета на големиот триумф.

Сакам луѓето во Хрватска да бидат среќни и мило ми е што ние им носиме радост. Сакам бранителите на државата да се веселат, жените кои работат во супермаркетите да бидат радосни и весели. Тоа е мојата сатисфакција, знам дека многу луѓе беа со нас вечерва и и ја користам оваа можност за да им се заблагодарам“ – истакна темпераментниот стратег.

Се вчитува...