Бабиќ: Најважно е што не загубивме, прва цел е да завршиме меѓу четирите најдобри во групата

Еурофарм Пелистер одигра реми (27-27) на гостувањето кај Спортинг Лисабон во 5. коло од Лигата на Европа. Битолчани може да жалат бидејќи во текот на целиот натпревар имаа предност која на крајот успеаја да ја прокоцкаат.

Сепак, Тренерот на „зелено-белите“ Жељко Бабиќ вели дека е задволен бидејќи главна цел била да не се загуби.

„Беше многу важно да не загубиме. Задоволен сум и сакам да им се заблагодарам на ракометарите. Се бореа за секоја топка и за секоја позиција. Игравме многу важен натпревар за двете екипи. Веќе четири натпревари сме без пораз и тоа многу ни значи за нашата ментална сила. Групата е многу израмнета и треба да бидеме подготвени на драматични натпревари до крај. Треба да бидеме храбри и интелигентни. Целта ни е да бидеме меѓу четирите најдобри екипи во групата и да продолжиме со играње на елиминациски натпревари“, изјави Бабиќ.

Слично размислува и Јосип Периќ…

„Ова беше физички многу тежок натпревар. Спортинг Лисабон има одлична одбрана и добро се подготвивме за неа. На крајот можеше секако да заврши, па мислам дека исходот по бод за двете екипи е реален и заслужен“, вели Периќ.

Се вчитува...