Бабиќ прозиваше – Еурофарм тргнува во поход на трофеи

Жељко Бабиќ денеска ја имаше првата прозивка во Еурофарм Пелистер во пресрет на новата сезона, во која битолскиот суперлигаш повторно ќе атакува на трофеите на домашната сцена.

Битолските „фармацевти“ беа активни во преодниот рок носејќи неколку квалитетни засилувања, па така нови членови на Еурофарм Пелистер од летово се: Реиние Табoaда (Данкерк), Јосип Божиќ-Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Еурофарм Пелистер 2), Мартон Секељи (Порто) и Немања Обрадовиќ (ППД Загреб).

Во однос на ростерот од минатата сезона, тимот го напуштија Марин Вегар, Дарио Петровски, Градимир Чаневски, Карим Хендави, Благојче Трајковски и Невен Стјепановиќ.

Во наредните четири дена „пелистерци“ ќе тренираат во Битола, по што од 23 до 30 јули заминуваат на висински подготовки во Маврово. За 11 август е закажан мечот од Суперкупот на Македонија против Вардар, а десет дена подоцна на програмата е првиот четвртфинален меч од СЕХА-лигата против Мешков Брест.

Се вчитува...