Бабиќ: Сите треба да бидеме подобри

Ракометарите на Пелистер утре ќе и гостуваат на Металопластика во натпревар од СЕХА лигата. Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ вели дека поради цела ситуација со пандемијата од коронавирусот сите мора да бидат подобри од претходните години.

„Сами малку си го загорчивме распоредот, бидејќи продолжување да играме во Европа, па почна и СЕХА лигата и домашното првенство, па многу играме и многу патуваме. Веќе е малку поинаку за разлика од претходните години, па на тоа мора да гледаме како на предизвик. И јас како тренер треба да бидам подобар од претходно, треба да направам добар план, ротација и стратегија и да ги распоредиме силите за она што ни следи во март и април. Се сеќавам на натпреварот во Битола против Металопластика, бидејќи беше тежок дуел. Беше последен натпревар во тој дел од првенството и беше психолошко оптеретување за играчите. Сите тие, па и јас, бевме на пат кон дома и игравме тежок натпревар. Имавме проблеми во првиот дел, губевме и ловевме резултат. Сепак, во вториот дел пронајдовме баланс, посебно дефанзивен, и со индивидуални потези на некои играчи создадовме предност и издвојувавме победа во еден тежок и квалитетен натпревар“, вели Бабиќ. 

Натпреварот меѓу Металопластика и Пелистер е закажан за утре во 17 часот.

Се вчитува...