Бабиќ: Татабања играше цврсто во одбрана, ние потрошивме многу енергија

Жељко Бабиќ, тренерот на Еурофарм Пелистер, после поразот од Татабања ја честиташе победата на противникот, и рече дека еден од клучните моменти беше цврстата одбрана на противникот.

„Честитки за мојот пријател Ѓукиќ и екипата на Татабања за заслужената победа. Нивото на нашата игра беше високо, но потрошивме многу енергија во одбрана и немавме сили за трчање контра напади. Воопшто не го искористивме овој елемент во играта. Не е лесно да се игра „шест на шест“, тие играа цврста одбрана, со многу енергија и срце и затоа ни создадоа вакви проблеми. Не сум ја видел Татабања вака добра во одбрана оваа сезона“, изјави предводникот на Еурофарм Пелистер.

Татабања на крајот славеше триумф од 25-21 над битолскиот тим.

Се вчитува...