Бабиќ: Вардар веќе го заборавивме, размислуваме на победа против Нексе

По големата победа во вечното македонско дерби против Вардар, ракометарите на Еурофарм Пелистер немаат многу време за одмор пред новите предизвици и дуелот со хрватскиот Нексе во осминафиналето од Лигата на Европа.

Тренерот на „зелено-белите“ Жељко Бабиќ вели дека Вардар е веќе минато и сега се сконцентрирани на натпреварот против хрватскиот клуб.

„Се одлучивме да го подготвуваме натпреварот против Вардар и тоа добро испадна. Треба побрзо ментално да се одмориме и со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат против Нексе. Тие се добра дефанзивна екипа и тркачки добра екипа. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство. Верувам дека ќе се одмориме, ќе се подготвиме и ќе бидеме подготвени на нивното брзо трчање, на нивниот брз центар и на агресивната одбрана“, изјави Бабиќ. 

Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер кој ќе се игра во Нашице е закажан за утре со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...