Бабунски во „ПРЕСИНГ“ околу 20-годишната дилема: Меси или Роналдо!?

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин едно од најголемите имиња во македонската фудбалска историја, Бобан Бабунски.

Поранешниот македонски репрезентативец, но потоа и селектор на сениорската и младата репрезентација на Македонија, овој пат главно со анализа на актуелните случувања на Светското првенство 2026.

Меѓу другото, осврнувајќи се и на 20-годишната дилема, Лионел Меси или Кристијано Роналдо…

„Ние сме среќни што живееме во ерата на Меси и Роналдо. Мислам дека секој на свој начин го интерпретира тоа… Повеќе е работа на вкус изборот за еден или друг. И двајцата имаат освоено толку титули, индивидуални и колективни. Сепак, Меси е Меси затоа што не се само головите, туку и неговото влијание на фудбалот, и што се направи последните години. Исто така и Роналдо е врвна ѕвезда. Не е воопшто лесно да освоиш толку титули. Можеби ова е паралелна приказна, последна на ова Светско првенство, и за Роналдо и за Меси… Сега Мбапе се појавува како водач на новата ера и можеби ќе спласне тоа споредување меѓу нив двајцата. Во секој случај, секој на свој начин е топ“ – вели Бабунски.

ЦЕЛАТА ЕПИЗОДА НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ГЛЕДАЈТЕ ЈА ТУКА…

Се вчитува...